Во член 82 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.8/05…..75/21), таксативно се набројани надлежностите на Советот на општина Кавадарци.
Врз основа на 83 став 1 и 2 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.8/05…..75/21), за претересување на прашања од својата надлежност Советот формира Комисии.
Комисиите на Совет се формираат како постојани и повремени.
Согласно член 102 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци (,,Сл.Гласник на Општина Кавадарци,, бр.21/06), постојаните комисии на Совет на општина Кавадарци на својата седница можат да поканат и стручни лица заради изнесување на нивни мислења по прашања што се разгледуваат на седницата на комисијата.