ЈАВЕН ПОВИК за членови во Локално Собрание на млади на град Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за членови во Локално Собрание на млади на град Кавадарци

Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( ,,Сл.весник на РСМ“ бр.10/20), а во врска Решение за формирање на Иницијативен одбор за организација и одржување на Локални младинско собрание на Општина Кавадарци со арх.бр.08-6629/24 од 31.10.2022година (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.22/22) член 128-г  став 4 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“  бр.8/05…..75/21),

Иницијативен одбор за организација и одржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

 

ЈАВЕН ПОВИК

за членови во  Локално Собрание на млади на град Кавадарци

 

1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 1.Локалното Собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат, предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување по Општина Кавадарци.

                Овој Јавен повик е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување по Општина Кавадарци, а ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Кавадарци;
  • Делегатот и заменик –делегатот да се жители на Општина Кавадарци и да се на возраст помеѓу 15 и 29 години.

               

2.Конституирање на Локално Собрание на млади на град Кавадарци

 Конститутивната седница на Собранието ја свикува Иницијативниот одбор и на истата се избира Претседател по пат на тајно гласање.

Мандатот на членовите на Собранието на млади , како и мандатот на претседателот трае 2 (две) години.

На конститутивната седница, Собранието на млади носи Одлука за формирање на Комисија која што до следната седница на Собранието на млади ќе подготви Деловник за работа на Собранието.

По усвојување на Деловникот за работа, Собранието донесува Одлука за распишување на Јавен повик за формирање на Локален Младински совет на Општина Кавадарци.

               

3.НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВИТЕ

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

                -мотивационо писмо за учество во Локалното младинско собрание;

                -кратка биографија CV (во која задолжително ќе бидат наведени активностите за млади од минатите);

                – Портфолио за организацијата / групата/ здружението;

                – Писмо со номинација за делегатот и заменик –делегатот во Локалното младинско собрание

                -Кратка биографија за номинираниот делегатот и заменик –делегатот;

                Пријавите за членство во Локалното младинско собрание се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци, секој работен ден од   03.04.2023    година до 07.04.2023 година  или по пошта со назнака ,, За јавен повик за Локалното младинско собрание.

Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци и Огласната табла на Општина Кавадарци.

 

Иницијативен одбор

за организација и одржување на

Локално Младинско собрание на

Општина Кавадарци