Над стотини вработени во јавната администрација од Кавадарци денеска беа дел од републичкта еколошка акција на Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ што ја покрена актерката Ирена Ристиќ.
Кавадаречките административци денеска наместо да одат на работа, во периодот од 12 до 15 часот помогнаа да се исчистат барем некои од загадените локации низ градот. Тие чистеа на вкупно 29 локации низ Кавадарци и Моклиште.
Градоначалниукот Митко Јанчев најави дека во иднина ова ќе биде традиционална акција како дел од мотото „За чисто Кавадарци“. „На овој начин вработените од локалната самоуправа и државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, а ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата“. – најави градоначалникот Јанчев.