Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501

Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2016година- септември, Глава IV, Точка 34, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци

 

Граници на планскиот опфат се :

 

–        на север – КП 8497, КО Кавадарци 1

–        на исток – општински пат,

–        на југ – КП 9601/1, КО Кавадарци 1, река

–         на запад – КП 8502, КО Кавадарци 1

 

  Површината на планскиот опфат изнесува 1,0062 ha.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 06.12.2021 до 13.12.2021  година, секој работен ден од 8:00 до 16030 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  09.12.2021  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за  Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.