Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2016 година, Глава III, точка 7, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Урбанистички план за село Дабниште, КО Дабниште, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- Од Север: Ја сече КП 488, поминува северо источно по границите на КП 454,источно ја сече парцелата КП 459/5, продолжува по границата на КП 456 и КП 457, северно западно ја сече КП 2185, продолжува по границата на КП 503, КП 505 и КП 508, ја сече КП 513, се движи по граница на КП 1540, ја сече КП 2186, продолжува по КП 1527, ја сече КП 2187, продолжува да се движи на границата на КП 1506 и КП 1507;
- Од Исток: се движи западно границата на КП 1507 и КП 1504, јужно источно ја сече КП 2188, продолжува по КП 1489, ја сече КП 1491 и КП 1402, продолжува по границата на КП 1449, ја сече КП 1448 и се движи по границата на КП 1447;
- Од Југ: Се движи по југо источната границата на КП 1447, КП 1448, ја сече КП 1431, КП 1439 и КП 2190, продолжува југо западно по границите на КП 1861, КП 2179/1, КП 1467, КП 1468, КП 1469 и КП 1470, продолжува кон југо источниот дел на КП 1605, продолжува југо западно по границите на КП 1590/2, КП 1590/1, КП 1591, КП 1592, КП 1597, КП 1598, КП 1599/3, КП 1599/2, КП 1599/1, КП 1606, КП 1607, КП 1608, КП 1587 и КП 1609 ;
- Од Запад: Се движи по КП 2191/1, КП 1622, КП 1621, КП 1620 и КП 1619, ја сечи КП 1617, продочжува да се движи северо западно по границата на КП 433, КП 432, КП 431, КП 430 и ја сече КП 448
Површината на планскиот опфат изнесува 14,74 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план за село Дабниште, КО Дабниште, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 09.05.2023 година до 15.05.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.05.2023 година во 10.30 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.