ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани,  а неплатени обврски (,,Службен Весник на РМ,, бр.209/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци, објавува

Ј А В Е Н   П О В И К

до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

 

Се повикуваат сите доверители на Општина Кавадарци и единките корисници основани од Општина Кавадарци кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година,  да се пријават во Општина Кавадарци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

Рокот за пријавување на побарувањата изнесува 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, не сметајќи го денот на објавувањето.

Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Кавадарци или за единките корисници, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оргинал или копија заверена на нотар,
  • Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица),
  • Договор или друг правен основ од каде произлегува побарувањето од доверителот кон Општина Кавадарци.

Документацијата заедно со уредно пополнетата пријава се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web-страната на Општина Kавадарци http://arhiva.kavadarci.gov.mk

Пријавата со потребаната документација да се достави лично во архивата на Општина Kавадарци ( од 8:30 до 16:30 часот секој работен ден) или преку пошта со препорачана пратка на ул,,Маршал Тито,, бр.2 Кавадарци, со назнака ,,За Јавен повик за пријава на доверители,, .

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Кавадарци ќе ги разгледа пристигнатите пријави и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 043-416-130 – Сектор за финансиски прашања или на електронската адреса : finansii.kavadarci@yahoo.com.

Пријавите доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.