1200 БАГРЕМОВИ САДНИЦИ ЗАСАДЕНИ НА ГОЛИНИТЕ НА „ЖУРОВ ДОЛ“

1200 БАГРЕМОВИ САДНИЦИ ЗАСАДЕНИ НА ГОЛИНИТЕ НА „ЖУРОВ ДОЛ“

Општината Кавадарци и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ денеска ја започнаа првата пролетна акција за пошумување во 2019 година.

Според акциониот план се пошумуваше на локалитетот „Журов дол“ над селото Ваташа, каде беа посадени 1200 садници на багрем.

Ова е трета акција за пошумување на голините на поројницата. Во акцијата учествуваа: вработените од Општина Кавадарци, вработени во подружницата „Бор“ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, од „Кожувчанка“, како и од „Дреклмајер“ со механизација.

Планирано е акцијата да се одвива во текот на пет дена, во зависност од временските прилики, при што треба да бидат посадени од 7 до 8 иљади садници на багрем .