Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 гопдина, глава IV, точка 56, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план  за УЕ 11, дел од Блок 11.1,,Слога 1, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

–        од северната страна границата на опфат минува по оската на улица ,,Ило Костов ,,и улица,,Киро Спанџов”.

–        западната граница на опфатот се движи по осовината на улица “Страшо Пинџур”.

–        на јужната страна границата на опфатот се движи по оската на улица “Слога”.

–        и на источната страна границата на опфат се движи по оската на улица “Киро Спанџов ” и по осовината на улица “Кеј Браќа Џунови”

Површината на планскиот опфат изнесува 7,5 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  за УЕ 11, дел од Блок 11.1,,Слога 1, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 25.11.2021 до 09.12.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  06.12.2021  година (Понеделник) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план  за УЕ 11, дел од Блок 11.1,,Слога 1, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

5 Анкетен лист