Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава IV, точка 26, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
– – на север – осовина на улица “Дисанска“
– – на исток – граница на планскиот опфат на ДУП за плански опфат Дисанска Кавадарци, пешачка улица влез во градскиот парк
– – на југ – граница на планскиот опфат на ДУП за плански опфат Дисанска Кавадарци, новопредвидена СЕРВИСНА улица – улица 1
– – на запад – осовина на ул.“Методија Џунов Џико“
Површината на планскиот опфат изнесува 1,9 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарциво просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 29.11.2021 до 13.12.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 02.12.2021 година (Четврток) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарциќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.