Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022 година, Глава IV, Точка 9, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација
и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за дел од УБ 10К, “СТАРО АНГРО”, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
– Север – улица Втора бригада
– Исток – улица Народна младина
– Југ – улица Љубашка
– Запад – пристапна улица Втора бригада
Површината на планскиот опфат изнесува 0,6570 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за дел од УБ 10К, “СТАРО АНГРО”, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 12.05.2022 до 27.05.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.05.2022 година (Среда) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.