СООПШТЕНИЕ
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По предлог план – Измена и дополна на урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс „Фени Индустри“, Локација 1 – Топилница, за Блок 9, КО Шивец, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- на север и на исток границата на опфат се движи по границата на катастарската парцела 1290/2;
- на југ границата на опфат се движи по границата и мунува низ катастарската парцела 1290/2;
- на запад во правец кон север границата на опфат минува низ кп 1290/2.
Површината на планскиот опфат во рамки на опишаните граници изнесува вкупно 12,39 ha, односно 123926 m².