СООПШТЕНИЕ за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков”

                Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година – Март, точка 51, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

                                                С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета

       За Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков” КО Кавадарци  град , Општина Кавадарци, плански период 2020-2025

 

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 11, ДЕЛ ОД БЛОК 11.1, „МИЛЕ ВЧКОВ “, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, се наоѓа непосредно до централното градско подрачје од градот Кавадарци и го дефинираат следниве граници:

 -југозапад: осовина на сервисна улица „Страшо Пинџур“

 -северозапад: осовина на сервисна улица „Тиквешко Востание“

 -север: осовина на станбена улица „Страшо Пинџур“ и осовина на станбена улица „Браќа Хаџи Тефови“

 -исток: осовина на станбена улица „Ќиро Спанџов“

 -југоисток: осовина на станбена улица „Иљо Костов“

Површината на планскиот опфат изнесува 2,74ха

Повторната Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на За Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, “Миле В’чков” КО Кавадарци  град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Повторната Јавната анкета трае од 29.05.2022 до 08.06.2023  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

           Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  31.05.2023  година (среда) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.