19 деца од социјално загрозени семејства на летен одмор во Михајлово

19 деца од социјално загрозени семејства на летен одмор во Михајлово

Општина Кавадарци преку Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на  Кавадарци, во рамките на своите програмски активности по четврти пат ќе го реализира проектот ,,Летен камп Михајлово“.

Почнувајќи од утре 29 јули, заклучно со 5 август 2015 година, 19 деца од основните училишта од Општина Кавадарци ќе престојуваат на летен одмор во Михајлово на Кожув Планина.

Станува збор за деца кои покажуваат добар успех во учењето, но доаѓаат од социјално загрозени семејства кои немаат можност да ги пратат на летен одмори или во кампови. Од тие причини Општината во соработка со бизнис заедницата сака да ги награди овие ученици со седум дневен престој во оморалиштето  Михајлово.

Костадинка Лалкова секретар на Советот за Превенција од малолетничко престапништво изјави: „Изборот на децата кои ги исполнуваат критериумите го извршиа стручните служби во училиштата преку педагозите и психолозите. Таа напомнува дека „Целта на Советот за превенција со реализирањето на овој камп е да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности  и,  да ги тргне од можниот ризик и лошо поведение, а воедно да ги награди за нивниот добар успех, со што се надеваме дека и кај другите деца и ученици ќе поттикнеме да го следат нивниот пат“.

Покрај општината Кавадарци организацијата на „Летниот камп Михајлово 2015“ година финансиски ја потпомогнаа уште седум кавадаречки фирми и поединци.