Врз основа на средби кои ги имаа со Здружението на телеснини инвалиди од Кавадарци, а по согледаната потреба на терен, градоначалникот Александар Панов, Советот на Опоштината и Ротари клубот од Кавадарци донираа 4 електрични колички за инвалидизирани лица по претходно превземената обврска да им помогнат со набавка на овие современи мобилни помагала.
„Кавадарци денеска направи добро дело за овие наши сограѓани. Ова не е прв пат да помагаме на инвалидизираните лица. Еднаш набавивме половна, а на друг наш сограѓанин му ја поправивме инвалидската количка. Лицата со хендикеп кои не можат да дојдат до центарот на градот не можат без вакво помагало да излегуваат надвор од домовите ниту пак да присуствуваат на бројните културни настани кои се случуваат, од денеска ќе имаат можност да го зголемат обемот на својата подвижност. Со оваа наша скромна донација им се овозможува поширока комуникација со луѓето во градот“ вели градоначалникот Александар Панов кој денеска им ги врачи инвалидските колички на лица со телесна инвалидност од Кавадарци.
„Договорено е со Здужението од Кавадарци во иднина да ги подмирува потребите од електрични колички сите инвалиудни лица кои имаат потреба од нив. Колку и да е голем бројот Општината ќе ги набави, иако се разбира, посакуваме таа потреба да биде помала. Ова донација има вредност од над 3.000 евра. Локалната самоправа учествува во набавката со три а Ротари Клубот од Кавадарци во набавката на една елктрична количка“ додаде Панов.
Николчо Делов претседател на Здружението на лица со телесна инвалидност-Кавадарци искажа голема благодарност до ГрадоначалникотПанов, Советот на општината и Ротари клубот Кавадарци. Тој вели: „Ова е револуционерен чин за нашата општина. Примерот треба да го слкедат другите општини. Во Кавадарци има околу 120 лица со телеска инвалидност од кои 6-7 веке ќе го искористат ова право. Во иднина ќе ги среќавате овое лица во нашето секојдневие и на сите настани и манифестации во градот“.
Ротари клубот Кавадарци пак, кој донираше средства за набавка на една електична инвалидни количка вложува средства во проекти кои претставуваат општествено добро. Големо е задоволството на клубот од Кавадарци што се дел од овој проект и во иднина ќе продолжи со ваква и слична активност, вели претставникот Пне Тотовски.
Зоран Јованчев во фунција на советник и Претседател на Комисијата за финасии и буџет денеска присуствуваше на примопредавањето на количките, истакна дека со одлуката на Комисијата и Советот на Општина Кавадарци се покажува подршката на овие акции за помош на хендикепираните лица. И во иднина тие ќе помагаат на ова ранлива група наши сограѓани.
Инаку во функција на напорите за помош на пошироката заедница за активно вработување на лица со телесна инвалидност градоначалникот Панов денеска јавно упати апел до големите компании, а пред се Дрекслмајер кои вработуваат повеќе од илјада лица, да ја разгледат законска можност за ангажирање на лица со инвалидност. „Ним најголема помош ќе им биде целодневен рабвотен ангажман. И покрај одредената инвалидност сепак голем број од нив можат да работат успешно со ангажман на работни места каде манипулативната способност со рацете, може да даде голема продуктивност“, нагласи Панов.
Тој се заблагодари за одзивот кој го направи ова компанија за вработување на припадници на ромската етничка заедница од Кавадарци.