41 литар дожд за 8 часа

Ноќеска во кавадаречко имаше интензивни врнежи од дожд. Според податоците добиени од метеоролошката станица лоцирана кај СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ ноќеска за само 8 часа наврнале  41 литар на метар квадратен дожд. Интензивниот дожд услови утринава да се зголеми водостојот на реката Луда Мара.

Според прогнозата на синоптичарите утре не се очекуваат врнежи од дожд. Ќе имаме сончево време со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Поради  продор на студена воздушна маса во Македонија се очекува и пад на утринските и дневните температури. Максималнта дневна ќе достигне до 12 степени.