Кавадарци денеска слави, одбележува 75 години од ослобдувањето. На денешен ден 1944 година партизанските единици на НОВ го ослободија градот од фашистичкиот окупатор.
Во чест на празникот а за почит кон ослободителите делегација предводена од градоначалникот м-р. Митко Јанчев на градскиот плоштад пред споменикот на слободата положи букети свежо цвеќе.
Во знак на благодарност кон жртвите букети цвеќе положија и делегација на Советото на општината, Сојузот на борци и почитувачи на придобивките од Народно ослободителната војна, од политичките партии, претставници на институциите од културата, како и здруженија на граѓани.
Градоначалникот Јанчев во чест на празникот упати честитка до граѓаните, изрази благодарност кон ослободителите, и посака Кавадарци да се развива и живее во мир и благосостојба