На денешен ден во борба со бугарските војници кај с.Никодин загина зам. командирот на првата чета на одредот „Добри Даскалов“ Блажо Тодоровски-Чичето.
За народен херој Чичето е прогласен на 11.10.1953 година.
Општината Кавадарци во недостиг на спомен обележје, во оваа прилика оддава почит кон ликот и делото на народниот херој Блажо Тодоровски-Чичето.
Воедно општината ја информира јавноста дека во склоп на Програмата за одбележување на годишнини за значајни настани и личности градоначалникот м-р Митко Јанчев покрена постапка за изработка на 4 нови спомен бисти меѓу нив и на народниот херој Блажо Тодоровски-Чичето.
Станува збор за обновување на спомен бистите на 4 првоборци од НОВ, кои пред повеќе години беа украдени, а по нивното обновување од страна на општината истите ќе бидат поставени во „Паркот на Револуцијата“ каде се наоѓаат сите останати спомен бисти на кавадаречките партизани кои го дале својот живот за слободата на Македонија во НОБ 1941-1945 година.