Новиот пристап на општината во реализацијата на инфратструктурните објекти, граѓаните на Кавадарци го видоа денеска при реконструкцијата на улицата „Цано Поп-Ристов“.
Паралелно со поставувањето на завршниот фин слој на асвалт, специјализирана екипа на ЈП „Комуналец“ изврш фарбање на коловозот со хоризонталната патна сигнализација. Со бела боја беа обележани зебрите на пешачките премини, како и местата за паркирање од двете страни на улицата.
Со ова заврши ревитализацијата на една од најстарите и најфрекфентни улици во градот.