Одбележан денот на пожарникарите – 20 мај

Одбележан денот на пожарникарите – 20 мај

20 мај од осамостојувањето на Македонија во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарите во Македонија. Кавадаречката протривпожарна единица денеска се вклучи во одбележувањето. Низ улиците на градот се одржа парада на која беа претставени возилата со кои располага единицата која сега покрај со опрема е и кадровски комплетирана. Прославата на денот на пожарникарите продолжи во противпожарната зграда каде исто така за приустните беше претставена опремата со која располага единицата. За историскиот развој на против пожарната единица Кавадарци, говореше Александар Чадамов. Тој нагласи дека во наредниот период ќе пристигне и нова опрема која веќе е порачана. Се заблагодари на градоначалникот и бизнис секторот кои помогнаа во реновирањето и опремувањето на единицата.

–          За прв пат после 60 години е реновирана зградата на против пожарната единица, а и значително е подобрена опременоста со која располагаме. Веќе е набавена нова опрема и очекуваме во наредниот период да пристигне, рече Чадамов.

Градоначалникот Митко Јанчев, честитајќи им го денот на пожарникарите нагласи дека веднаш по превзермањето на функцијата ги согледал потребите за противпожарната единица и се започнало со нејзино опремување, но и целосно реновирање на зградата која им е втор дом на пожарникарите.

Loading