ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019 За поднесување на барања за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019 За поднесување на барања за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

Врз основа на член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела бр.08-2384/4 од 13.05.2019 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.36/2019) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува 

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019

За поднесување на барања за  надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

  1. Опис на Јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци(домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 20.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

1.2. Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 20.05.2019 година заклучно со 20.06.2019 година

1.3. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „јавно извлекување“.

1.4.Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци, огласна табла во Општина Кавадарци и електронските медиуми.

  1. Право на учество на Јавниот повик:

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот:

3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:

  • да е жител на општина Кавадарци;
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на енергетско ефикасни грејни тела од било кој извор во Република Македонија;
  • до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
  • новото енергетско ефикасно тело да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик и истото да биде инсталирана на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • само едно лице од домаќинство може да поднесе барање за добивање на надоместок.

3.2.  За барателите кои имаат нов станбен објект, не важат условите од алинеа 3 од точка 3.

 

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до општина Кавадарци треба да достави:

  • барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општина Кавадарци или од интернет страната на Општина Кавадарци: (kavadarci.gov.mk);
  • фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Кавадарци;
  • Изјава дека не е корисник на субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија;
  • доказ дека е извршено купување на енергетско ефикасно грејно тело и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик;
  • фотокопија од трансакциска сметка;

4.2. Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не треба да ја достават документацијата од под-точката 3.

4.3. Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за имплементација на мерките за  субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикаснио грејни тела“ во архивата на општина Кавадарци, на адреса Пл.Маршал Тито бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

4.4. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година“.

 

НАПОМЕНА : Доставените плика со барања задолжително да се во бела боја.

 

  1. Начин на спроведување на јавниот повик

За спроведување на транспарентна постапка при добивање на субвенција за купување на енергетско-ефикасни грејно тела во домаќинствата во Општина Кавадарци, доделувањето на средствата ке се одвива на следниот начин:

5.1.      Општина кавадарци со цел стимулирање на користење на субвенции на енергетско ефикасни грејни тела ќе распише Јавен повик

5.2.      За времетраењето на огласнот , најмалку два пати ќе има известување за јавноста  за времетраењето на повикот.

5.3       По завршување на Јавниот повик , најдоцна во рок од 10 дена , ќе се одржи јавно извлекување на подносителите на барања. За времето и местото на зивлекување Општина Кавадрци ќе даде соопштение на својата веб страна. Секој барател кој има доставено парање за субвенционирање на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување.

5.3.      За спроведување на активностите за реализација на јавниот повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе формира три комисии кои ќе бидат составени од три члена и нивни заменици.

-Комисија за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина кавадарци за купување на енергетско ефикасни тела за 2019 година

-Комисија за следење на регуларноста на јавното извлекување на јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

-Комисија за проверка на мерките за субвенционирање на граѓаните на подраќјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година.

Комисиите по пристигнување на сите барања за субвенционирање доставени за времетраење на јавниот повик , со записник ке го утврдат точниот број на пристигнати барања.

 

  1. Извлекувањето на пристигнатите барања ќе се одвива на следниот начинн:

Извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадрци ќе има видео запис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до општина

Ковертите во присуство на сите членови на комисиите ќе се ставт во посебен сад.

Лицето кое го врши извлекувањето , секој извлечен коверт го предава на една од Комисиите

Претседателот на секоја одделна комиисја го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапува кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не ево согласност со условите и барањата од Правилникот.

За времетраењето на извлекувањето ќе се состави листа која ќе  содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка

Во оној момент кога ќе се извлечат барателите чии збир на износи за надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена , ке заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација.

 

7.Начин на остварување на правото на надоместок

По завршување на извлекувањето Комисијата за проверка на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година спроведува увид на лице место на инсталираното енергетски ефикасно грејно тело на адресата на барателот и изготвува

По завршувањето на увидот од страна на погореспомената комисија ќе се изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање на дел од стредствата која ќе биде објавена на ВЕБ страната на Општина Кавадарци.

Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства во износ од 50% но не повеќе од 15 000 денари, нето износ , по лице , за барателите кои ги исполниле критериумите согласно јавниот повик.

Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ке донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот не ги исполнува критериумите дефинирани согласно јавниот повик

Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина кавадарци за купување на енергетско ефикасни тела за 2019 година го објавува предлогот за субвенционирање  на ВЕБ страната на Општина Кавадарци.

 

Јавен повик
Образец за грејни тела

Loading