Друштвото за храна, кетеринг и туризам ТИКВЕШ – ВИНСКИ ТУРИЗАМ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ во рамките на „ПРОЕКТОТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ” поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светската Банка и спроведуван од Кабинетот за Заменик Претседателот на Владата задолжен за Економски Прашања, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите”, изготви и поднесе предлог-проект „РАЗВОЈ НА ЕНОГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ – ВКУСИ ЈА МАКЕДОНИЈА” за добивање грант за финансирање на проектот. ГЛАВНАТА ЦЕЛ на проектот е зајакнување на развојот на еногастрономскиот туризам во општините Демир Капија, Кавадарци и Неготино преку реконструкција на постојната винска продавница со анекс, реконструкција со унапредување на постојните капацитети за сместување и дегустација на вино во Лепово, инсталирање и адаптација на старите буриња за вино за сместување во Барово и дополнителни велосипедски тури за доживувањето на клиентите, како и активности за комуникација/маркетинг за проектот.
Како дел од предлог-проектот, ТИКВЕШ ВИНСКИ ТУРИЗАМ подготви Список за проверка на ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПШТЕСТВЕНО УПРАВУВАЊЕ ЗА ПРОЕКТОТ „РАЗВОЈ НА ЕНОГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ – ВКУСИ ЈА МАКЕДОНИЈА” со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција, инсталација и адаптација во рамките на споменатите потпроектни активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање ублажување на можните негативни влијанија од реализацијата на предвидените проектни активности.
- Form for submission comments and suggestion new
- Formular per paraqitjedorëzim të komenteve dhe TEMPLATE_Al.DOCX
- Tikves Wine tourism ECO V3 – final ljp01032019 – V3_i
- Tikves Wine tourism ECO V3 – final ljp01032019 – V3_i_AL
- Tikves Wine tourism ECO V3 – final ljp01032019 – V3_i_MKD
- Формулар за доставување на коментари template_мк