ЧИСТЕЊЕ НА ИСПУСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

ЧИСТЕЊЕ НА ИСПУСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Екипа на Јавното претпријатие „Комуналец“ работеше на чистење на решетките за зафаќање на атмосферката вода од површината на градскиот плоштад. Од испустите се вадеше наносот, милта и проникнатата трева, кои беа пречка во нормалното функционирање на овој дел од атмосверската канализација.

Оваа редовна активност на комуналното претпријатие ќе овозможи оптимален пропуст и зфажање на дождовницата за подобро одводнување на површината од шеталиштето на плоштадот.

Loading