Сообраќајниот проект за подобрување на светлечката патна сигнализација влегува во завршна фаза.
Од вчера попладне во функција е семафорското решенеи на раскрсницата на „Илинденска“ со улиците „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „7 Септември“.
Со работата на целосно обновените семафори на една од најпрометните раскрсници се воведе ред во норемалното одвивање на сообраќајот.
Во наредните денови се очекува во функција да се предаде и обновениот семафор кај основното училиште „Гоце Делчев“, каде се работи на поставувањето на подземната електрична инсталација.
Првата сеопфатна реконструкција на семафорите ќе финишира многу бргу откако целосно ќе се реконструира и семафоркото решение на крстосницата на улицата „Илинденска“ со улиците „Цано Поп-Ристов“ и „Пано Мударов“ кај старат автобуска..
Изведувач на работите е фирмата „Конструктор“ од Кочани.