Градоначалникот Митко Јанчев потпиша договори во вредност од 60 000 000 денари

Градоначалникот Митко Јанчев потпиша договори во вредност од 60 000 000 денари

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев потпиша договори за неколку важни проекти кои ќе бидат помогнати од Влада на Република Северна Македонија. Првиот проект е изградба на атмосферска канализација и водовод во с.Сопот, вториот проект е велосипедско -пешачка патека од с.Ваташа до Моклиште и тампонирање на полски патишта кои водат кон обработливи земјоделски површини. За сите проекти Владата ќе учествува со околу 60 000 000 денари.