ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Фирмата „АС Машини“ од Кавадарци денеска заврши со изградбата на тротоар на дел од улицата „Ѓоре Брушански“.

Со изградбата на овој тротоар Општина Кавадарци реализираше уште еден комунален проект кој го предава на користење на граѓаните.

Со овој зафат се надоградија дополнителни 500 метри квадратни тротоар, поплочен со павер елементи со што целата лева страна од Кавадаречки дол долж оваа улица сега има урбанизиран тротоар.

Претходно општината го расчисти запуштениот простор со отстранување на шут и диво оставени предмети, ја оформи патеката на тротоарот и постави нови рабници.

Со овој проект се подигна квлитетот на живеење на граѓаните од овој дел на Кавадарци кои и ја дадоа иниоцијативата за урбанизација и оплеменување на просторот.

 

Loading