Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „РМК градба“ од Студеничани, работи на поплочување на крак на улицата „Григор Прличев“. Проектот е во склоп на програмата за комунална изградба на општината за 2019 година.
Се работи за делница со површина од 250 квадратни метри, како продолжение на постојна споредна улица.
Со реализацијата на овој проект општината дополнително ќе ја унапреди уличната мрежа во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.