Реконструкцијата на обиколницата е во звршна фаза. Специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на обиколницата „Северен Булевар“.
Ангажираната оператива за време на викендот работеше на поставување на вториот-фин слој асфалт на потегот од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до улицата „Шишка“. паралелно со нив „Комуналец“ ги обележа линиите од патната сигнализација.
Денеска до крајот на денот се предвидува поставување на финиот слој асфалт и на делницата од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до спојот со Булеварот „Никола Минчев“.
Рењконструкцијата на улицата „Северен Булевар“ е финснирана преку проектот МСИП на ЕУ, за реконструкција на главните улици во градот.