Ученици од 1 до 5-то одделение од подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ од селото Возарци денеска беа во посета на Општината Кавадарци, а во склоп на нивната настава по предметот општество каде се изучува и методската единица „Поставеност и работа на Општината“.
Домаќин на педесеттината деца и нивните одделенски наставници беше градоначалникот на општината Александар Панов.
Средбата се одржа во салата на Советот на опоштината, каде учениците со серија прашања поврзани за лекцијата која ја обработуваа како дел од нивната теренска настава се интересираа за поставеноста, начинот на функционирањето и рабоотењето на Советото, Градоначалникот и службите во општината.
Градоначалникот Панов одговараше на сите нивни прашања притоа помагајќи им на децата преку јасни и за нивна возраст разбирливи одговори да им ја приближи проблематиката на неговото ангажирање како и за функционирањето на телата, органите и службите во општината.
Од учениците беа поставени и прашања кои се однесуваа на ентериерното уредување како и уметничките дела во салата на советот и во Кабинетот на градоначалникот.
Во вториот дел од средбата токму кабинетото беше местото каде децата се интересираа за сликата масло во платно на академскиот сликар Горан Боев на која е претставена сцена од „Тиквешкото Востонаие“ 1913 година.
Држењето од еден час мина на задоволство на гостите и домаќинот по што учениците од селото Возарци се упатија кон Полициската станица, потоа музичкото училиште и новиот музеј, каде исто така имаа договорени средби за одржување наставен час.