Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија” бр.199/14) и измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 64/18 и 168/18) Општина Кавадарци распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.
Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.
Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Јавниот повик трае од 08.07.2019год. до 08.08.2019год.
Објавувањето на Јавниот повик е на:
- Огласна табла во Општина Кавадарци
- на официјалниот сајт на Општина Кавадарци kavadarci.gov.mk
- Во две јавни гласила
- На официјалниот сајт www.e-urbanizam.mk
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
М-р Митко Јанчев