Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково

Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково

Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја од несовесен одгледувач на лозов насад и прекумерно наводнување, на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково. Поради неможноста на Македонија пар да интервенира со механизација за справување со одронот, а по налог на Градоначалникот Митко Јанчев се активирани механизацијата на ЈП Комуналец и ТППЕ на Кавадарци согласно нивното функционирање во интерес на општеството, како и механизација од фирмата ЈА-МИ како донација кон Општина Кавадарци. Патот беше обезбеден и сообраќајот регулиран од ПС ОН Кавадарци. Акцијата беше успешно спроведена и за помалку од два часа патот беше прооден и уредно среден.

Loading