По објавениот Јавен повик од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поднесување на барања за субвенции преку Програмата за капитални субвенции, а наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште, општина Кавадарци во соработка со Вардарски плански регион го реализира проектот за реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Кавадарци, месност Кошани – Бегниште со вкупна должина од 2200 метри. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.