Новиот кеј-шеталиште во селото Ваташа го добива својот проектиран изглед. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци, деновиве работи на обновување на оштетените делови од „шкарпата“ на големото корито на локацијата меѓу амбулантата во селото и фудбалското игралиште на ФК „Габер“.
Овој капитаелн проект на Општина Кавадарци досега е реализиран во голем процент. На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскади и се оформени контурите. Поставена е нисконапонска линија со канделабри од јавното улично осветлување, како и пешачките мостови.
Со реализацијата на овој проект општината ќе урбанизира и ќе уреди уште еден дел од коритото на реката „Луда Мара“ на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат во вкупна должина од 770 должни метри.
За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.