Општина Кавадарци реализира нов комунален сообраќаен проект. Ангажираната фирма „Изолација“ започна со подготвителните работи за реконструкција и проширување на паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под Хотел „Балкан“.
Градежната механизација денеска го отстрануваше стариот и дотраен асфалт, работеше на расчистување на теренот, како и на нивелирање на улицата „Тошо Велков-Пепето“.
На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината ќе изгради нов паркинг, ќе асфалтира два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, а ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.
Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци во многу ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот, а воедно ќе урбанизира еден неправедно запуштен простор во најстрогиот центар на градот.