Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Завршена е изградбата на улицата „Ќиро Каракулев“ на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, па до последниот станбен објект.
Актуелното раководство на Општина Кавадарци конечно го реши децениискиот проблем на жителите од тој дел на Кавадарци. Проектот кој е реализиран на барање на граѓаните опфати изградба на урбанизирана улица која на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.