ОБЈЕКТОТ „ВИНСКА КУЌА“ СЕ РЕКОНСТРУИРА И АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

ОБЈЕКТОТ „ВИНСКА КУЌА“ СЕ РЕКОНСТРУИРА И АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

Општина Кавадарци преку Бирото за регионаленразвој, а во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион започна со реализација на проектот за ,,Реконструкција и адаптација на објект Винска куќа-Кавадарци”.

Проектот опфаќа реконструкција на Винската куќа, со замена на покрив, поставување на нова армирано-бетонска плоча, нова челична конструкција, изолација на ѕидови, како и зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување,

Вкупната сума на проектот изнесува 8 925 826  денари, од кои 3 096 460 денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци за 2019 година, додека останатите 5 829 366 денари се учество на Бирото за регионален развој.

Намената на реновираниот и адаптиран објект ќе биде „Вински музеј“ од регионален карактер. Во него ќе бидат изложени музејски артефакти,посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина и производи од грозје од производители од регионот, како и да се запознаат со тардицијата во производството на вино.

Loading