АСФАЛТИРАЊЕТО КАКО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

АСФАЛТИРАЊЕТО КАКО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Општина Кавадараци преку знгажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од улицата „7-ми Септември“, на потегот од раскрсницата со улиците „Цано Поп-Ристов и „Браќа Џунови“, до раскрсницата кај салата „Партизан“, со што се влезе во завршна фаза од реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница.

            Претходно на овој дел од улицата се спроведе: реконструкција на тротоарот со отстранување на дотраените и оштетени плочи, се подготви подлогата, потоа се ископа ров за нова подземна инсталација за јавното улично осветлување и за операторот „Телеком“, а се санираа и испакнатите корени на дрворедот.

            Според проектот општината изврши поплочување на тротоарот од павер елементи на површина од 900м2, а на делот до коловозот постојниот тротоар се пренамени во асфалтиран паркинг со нивото на улицата со корисна површина од 1.000 квадратни метри.

             Со овој зафат општината ревитализираше коловоз и тротоар на  централната улица во градот која води од центарот кон градскиот парк „Љупчо Шкартов“ и стадионот.

            Општината на овој потег изгради и два кружни текови, а со уредувањето создаде побезбедни услови за пешаците, и за одвивање на сообраќајот.