Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, како дел од проектот за изградба на Кеј шеталиште во Ваташа отстрани стар и дотраен пешачки мост.
Се работи за мостот кој од главната улица води кон улицата „Перо Видев“ односно до „Грковата чешма“. Овој мост беше руиниран и дотраен, и потенцијална опасност за пешаците.
Општината согласно проектот за новиот Кеј на истата локација постави типизиран метален мост, ист како пешачките мостови на кејот во Кавадарци.
Со овој зафат општината ја подигна безбедноста нас пешаците на повисоко ниво, потенцијалната опасност ја сведе на минимум и го разубави ликот на тој дел од Ваташа.