АМБАСАДОРОТ НА БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

АМБАСАДОРОТ НА БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Градоначалникот на Кавадарци, м-р Митко Јанчев, денес во работна посета го прими Амбасадорот на Бугарија неговата екселенција Ангел Ангелов.

Во протоколарниот дел Јанчев го запозна високиот гостин со културно историските традиции на општината и градот. На средбата беа опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, како и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување со посебен нагласок на развојот и унапредувањето на соработката на локално Општинско ниво. Градоначалникот Јанчев го запозна гостинот и со економските капацитети на општината, каде има простор и потенцијал за унапредување на соработката.

Обострана беше оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за  пријателство, добрососедство и соработка како добра основа.

Соговорниците ја реафирмира посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи.

Loading