Член 1
Работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кавадарци, утврдено во член 23 став 1 точка 1, 2, 3, 4, 5 и 6 од Законот за угостителска дејност, во деновите 06,07 и 08.09.2019 година за време на одржувањето на манифестацијата “Традиционален Фестивал Гроздобер 2019 “ се продолжува за два часа.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Кавадарци“.