СЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГОТ  ПОД ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

СЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГОТ ПОД ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

Ангажираната фирма „Изолација“ започна со асфалтирање на реконструираниот и проширен паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под Хотел „Балкан“.

На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината изгради нов паркинг, кој денеска и утре ќе се асфалтира. Во склоп на овој проект се асфалтират и два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, од кој оној во правецот на ул. „7-ми Септември“ ќе биде отворен за сообраќај во една насока од паркингот кон споменатата улица.

На оваа локација општината ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.

Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци ќе урбанизира еден неправедно запуштен простор во најстрогиот центар на градот, а во многу ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот.