ПОПЛОЧЕНО ПЛАТОТО КАЈ ТУРИСТИЧКИОТ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

ПОПЛОЧЕНО ПЛАТОТО КАЈ ТУРИСТИЧКИОТ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

На иницијатива на градоначалникот м-р. Митко Јанчев се реализираше комунален проект за поплочување на просторот од северната страна на Хотелот „Балкан“ на улицата „7-ми Септември“.

Се работи за површина од 250 метри квадратни која беше запуштена и несредена.

Денеска ангажираната оператива заврши со градежните работи, по што и последниот запуштен простор на градскиот плоштад беше оплеменет и урбанизиран.

Овој дел од плоштадот сега има плато во три нивоа, кое ќе биде оплементо со урбана опрема и предадено на користење на граѓаните на општината за одмор.