ЗАПОЧНА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2019

ЗАПОЧНА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2019

Штандот на Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци е местото каде официјално започна годинашниот „Тиквешки гроздобер“ 2019 година.

Преку презентација на производи од грозје произведено на лозовите насади на училиштето, идниоте млади земјоделци, лозари, винари, агрономи се претставуваат перд посетителите на годинашниот гроздобер.

Во деновите на гроздоберските свечености посетителите на овој штанд ќе имаат можност да дегустираат вино, ракија и производи од грозје произведени од самите ученици.

Иднината на кавадаречкото лозарство се претставува пред јавноста како вовед во деновите на гроздоберот.