На првиот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година во Музеј-Галерија Кавадарци беше отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, со што и официјално е започнат “Тиквешкиот Гроздобер”.
Автор на поставката на оваа изложба е Јадран Манчев. На истата се изложени 60 црно бели фотографии кои ги отсликуваат гроздоберските празнувања во Кавадарци низ годините на неговиот зенит.
Фотографиите се авторско дело на познатиот кавадаречки новинар и фото документарист Бранко Ивановски кој со објективот на неговиот фото апарат ги забележал значајните настани од историјата на Тиквечкиот гроздобер.