Во чест на јубилејот 75 години од ослободувањето, Советот на општината ја одржа Свечената 30-та сеница. Во големата сала на Домот на Културата со седницата претседаваше претседателот на советот Ристо Сакалиев. Тој пред градоначалникот, присутните гости од збратимените градови и ФЕКГ, членовите на советот, пратеници и претставници на бизнис секторот и други организации во краткото обраќање потсети на сработеното меѓу двата празника.
Градоначалникот, во традиционалното обраќање по повод денот на ослободувањето говореше за реализираните проекти во инфраструктурата, образованието,потенцирајќи ја детската заштита и решениот проблем со сместувањето на децата во градинките. Јанчев напомена дека Кавадарци сега има реконструирани главни улици, регулиран сообраќај со повеќе кружни текови, како и исклучителна комунална изградба, реализирана со поддршката од советото, предлозите и проектите од општиунската аминистрација, а пред се како резултат на барањата на граѓаните.
На седницата беа доделени плакетите на годинешните добитници на највисокото општинско признание наградата „7-ми Септември“.
Годинешни добитници се: Јоана Коцева за особен придонес во областа на хуманоста,еманципацијата на жената,родовата еднаквост и борбата против насилството, Трајче Ристовски за особен придонес во стопанството и Златко Каров за особен придонес во образованието.
Во културно уметничкиот дел настапиа: младата пијанистка Даниела Јовановска, кларинетистот Јован Јованов, Оркестарот на традиционални народни инструменти од музичкото училиште, ако и фолклорниот ансамбл „Тиквеш“.