Проектот за урбано уредување на запуштениот простор кај Туристичко информативното биро на улицата „7-ми Септември“ полека се заокружува.
Општината деновиве поставува урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.
Комуналниот проект се реализираше на иницијатива на градоначалникот м-р. Митко Јанчев. Станува збор за површина од 250 метри квадратни која беше запуштена и несредена.
По извршената ревитализација, овој дел од градскиот плоштад има плато во три нивоа, опремено со урбана опрема, а истиот се наменува за одмор на граѓаните.