Општината Кавадарци преку ангажираната оператива продолжува со работа на проект за проширување на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.
Проширувањето е во должина од 100 метри, на делницата од главната траса на ул.„Страшо Пинџур“ до спојот со улицата „Ѓоре Брушански“.
Денсека се поставуваа рабници на проширената коловозна лента која од првобитните 2,8 метри ќе се зголеми на 5 метри, вклучително и тротоар. Пралелно се работеше и на изградбата на мал потпорен ѕид.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.