Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со професори од средни училишта од Полска, Хрватска и Германија кои работат на проектот Дигитално учење -Европа од програмата ЕРАЗМУС во партнерство со СОУ Добри Даскалов. На средбата Градоначалникот даде целосна поддршка на проектот кој е во тек и на проекти кои ќе започнат во иднина.