Продолжуваат градежните работи за ревитализација на улицата „Мито Хаџи-Василев“. Градежната оператива деновиве работи на отстранување на старите и дотраени рабници и поставување на нови. Претходно беше отстранет стариот и истрожен асфалт на дел од коловозната лента.
По поставувањето на нвоите рабници ќе уследи завршната фаза со поставување на завршен фин слој асфалт.
Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.