Општина Кавадарци преку специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на улицата „Мито Хаџи-Василев“.
Според проектот со бела боја беа обележани пешачките премини, полните и испрекинати линии, како и почажувачите на правец. Се означиа и местата за паркирање кои ќе бидат дел од јавното зонско паркирање со кое ќе стопанизува неодаман формираното Јавно претпријатит „Паркинг“ Кавадарци.
Со денешното обележување на хоризонталната патна сигнализација општината успешно ревитализира уште една централна улица, како дел од проектот МСИП, за реконструкција на главните улици, во соработка цо ЕУ и Светска банка.