Неодговорни лица, неодамна со своето деструктивно однесување направиле штета на рефлекторите и канделабрите од инсталацијата на Јавното улично осветлување на „Спомен костурницата“ во градскиот парк.
Оштетени се неколку рефлектори, од кои на еден целосно му е искршено заштитното стакло, а кај друг истото е распукано. Недоветните индивиди направиле штета и на неколкуте канделабри при што искршиле и оштетиле, лед светилки и кугли.
Општината целосно го обнови Јавното улично осветлување на костурницата и во градскиот парк, минатата година, предавајќи го на користење на граѓаните, но и на совеста за негова заштита.
Општината и овојпат упатува апел до граѓаните, заеднички да го штитат општото добро во интерес на сите,а за непознатите сторители ќе се превземат соодветни законски санкции.